Moниторинг посета на компанијата Аквапоника, добитници на грант за проектот „Селото за градот, градот за селото“ во рамки на регрантирањето во проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“

Moниторинг посета на компанијата Аквапоника, добитници на грант за проектот „Селото за градот, градот за селото“ во рамки на регрантирањето во проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“

Изминатиот петок, на 25 ноември ги посетивме Зелена Република кои во рамки на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“, се добитници на грант за проектот насловен „Селото за градот, градот за селото“.

Зелена Република е заштитена трговска марка на компанијата Аквапоника. Нивната мисија е да развиваат производи што ќе ги задоволат разновидните потреби на потрошувачите, притоа обезбедувајќи и гарантирајќи висок органски квалитет и лесна достапност преку мотото „Купувај органско, купувај локално“!

Главна цел на проектот е да придонесе кон одржливо развој на руралните средини во Македонија преку зајакнување на малите земјоделски стопанственици за производство и пласман на производи и услуги според потребите на купувачите.

Проектот има цел да придонесе кон долгорочен одржлив развој на руралните средини преку зголемување на компетитивноста и пласманот на производите и на услугите на малите земјоделски стопанства на пазарот. Развојот на оваа стопанска гранка може да придонесе за зголемување на бројот на новоотворени работни места во самото примарно производство, но и во други непроизводствени гранки поврзани со секторот (пр. преработка, агротуризам и сл.) кои може да ги апсорбираат тешко вработливите лица.

Проектот е финансиран од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ