Работилници во Скопје и Приштина

Работилници во Скопје и Приштина

Со задоволство најавуваме работилници организирани во Скопје на 26 ноември за Советот за зелена градба С. Македонија и во Приштина на 27 ноември за Советот за зелена градба Косово од ЦеПроСАРД како дел од Програмата RECONOMY.

Целта на работилниците беше да се прошири знаењето преку искуствата и најдобрите практики на Советот за зелена градба Хрватска, презентирани од неговиот извршен директор, Деан Смолар.

Ова вклучуваше, но не беше ограничено на размена на искуства за администрирањето, оперативните активности, стратегијата и планирањето на темите за претстојниот период.

Исто така, им благодариме на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Р.С.Македонија и Александар Манчевски кои ни обезбедија место за одржување на работилницата во Скопје , и Шенд Бошњаку за одлична организација во Приштина.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида), имплементирана од Helvetas Swiss Interoperation во партнерство со ЦеПроСАРД и други во Источното партнерство и регионите на Западен Балкан.

СИТЕ НОВОСТИ