30 Авг ЗГ ЦеПроСАРД со свои претставник учествуваше на панел дискусија за Енергетска Сиромаштија организирана од Тинк-тенк „Аналитика
Г-ѓа Сања Трпковска Диплимиран правник по меѓународно право и мегународни односи , од ЗГ ЦеПроСАРД учествуваше во Панел дискусијата со цел презентација на “Прирачник за разбирање и постапување со енергетска сиромаштија во Македонија”.
Паналистите кои земаа учество во рамки на панел дискусијата нагласија дека енергетската сиромаштија треба да биде централен фокус за време на нашата енергетска транзиција.
Г-ѓа Сања Трпковска потенцираше дека енергетската ефикасност влијае за намалување на енергетска сиромаштија, но истата не е доволна сама по себе. Мора да имаме енергетско ефикасни домови, но сиромашните луѓе тоа не можат да си го дозволат. Понудените мерки во облик на субвенции не се доволни за справување со овој проблем, посебно заради фактот што секогаш сиромашните граѓани заостануваат при ефикасно користење на овие мерки.