Посета на обука за еколошко право – климатски промени во рамки на проектот ,,Граѓанските организации во акција за климатските промени”

Посета на обука за еколошко право – климатски промени во рамки на проектот ,,Граѓанските организации во акција за климатските промени”

Претставник од ЗГ ЦеПроСАРД учествуваше во дводневна обука која се оддржа во Крушево, по проект ,,Граѓанските организации во акција за климатските промени” во организација на Младинско Здружение Млади Правници, финансиран од Европска Унија. На обуката учесниците имаа можност да се запознаат со Еколошкото право и климатските промени. Предавањата ги одржуваше Адвокат Александар Гоџо кој посебно внимание посвети на нормативните аспекти на климатските промени како и меѓународната легислатива и меѓународни политики од областа на климатските промени, како и одговорност за негативните аспекти на климатски промени во рамките на домашното законодавство и во рамките на меѓународниот правен поредок. На обуката учество земаа повеќе Граѓански организации од полето на Заштита на животна средина како и организации кои ги застапуваат човековите права според домашното и меѓународното законодавство.

СИТЕ НОВОСТИ