Отворен 9ти дом за живеење со поддршка во заедницата во Башино Село во процесот на деинституционализација во рамки на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“

Отворен 9ти дом за живеење со поддршка во заедницата во Башино Село во процесот на деинституционализација во рамки на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“

Нов дом за уште пет корисници од Специјалниот Завод Демир Капија.

На 28ми ноември лицата беа преселени во станбена единица за поддржано живеење во Башино Село која беше реконструирана и опремена во рамки на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“.

Чест ни е да споделиме дека овој дом претставува 9-та станбена единица за живеење со поддршка во заедницата, успешно воспоставена во рамките на проектот и e дел од 10-те мали групни домови предвидени во процесот на деинституционализација кои ќе се отворат до 2023 година.

Со станбената единица ќе раководи Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, како приватен давател на сервисната услуга – живеење со поддршка во заедницата за лица со попреченост. Во новиот дом, лицата ќе добиваат 24 часовна нега и грижа од стручен тим, но и инклузија во сите апсекти на општествениот живот.

Проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“ има за цел да го овозможи спроведувањето на процесот на деинституционализација на лицата со попреченост од резиденцијалните институции во единици за домување со поддршка во заедницата, преку обезбедување на иновативни социјални услуги.

Проектот е финансиран од IPA II 2017 акциската програма од фондот за ЕУ поддршката за образование, вработување и социјална политика, во времетраење од 36 месеци.

Проектот е имплементиран во конзорциум со:
– Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
– Општина Демир Капија;
– Специјалниот Завод Демир Капија и
– Фондацијата Лоза од Шведска

СИТЕ НОВОСТИ