Мониторинг посета на Здружението за заштита на животна средина и едукација на деца и млади ЕКО ЛАЈФ Гевгелија во рамки на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“

Мониторинг посета на Здружението за заштита на животна средина и едукација на деца и млади ЕКО ЛАЈФ Гевгелија во рамки на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“

Тимот на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“ на 30.11.2022 (среда) изврши мониторинг посета и состанок со Здружението за заштита на животна средина и едукација на деца и млади ЕКО ЛАЈФ Гевгелија.

Здружението е добитник на грант за проектот „Вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување“.

Проектот, кој е во времетраење од 9 месеци има за цел вработување на ранливи категории на граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување, со што директно ќе придонесе кон подобрување на условите на живеење на лицата од овие категории.

Покрај вработувањето на лица од ранливи категории, во процесот на имплементација проектот ќе придонесе и кон намалување на отпадната пластика во Општина Гевгелија; ќе се работи на подигнувањ на на јавната свест за предностите на развојот на социјалните претпријатија и вклучување на ранливите групи во заедницата и ќе се имплементираат активности за соработка и вмрежување со здруженија, приватни и јавни претпријатија со цел подобрување на социо – економските услови.

Проектот е финансиран од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ