ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со Проектот за поддршка на социјалните претпријатија и институциите

ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со Проектот за поддршка на социјалните претпријатија и институциите

На 24.03.2022 проектниот тим на проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе”, имплементиран од Здружението на граѓани – Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД одржа работен состанок со тимот од проектот Проект за поддршка на социјалните претпријатија и претставници на повеќе институции и експерти. Состанокот се одржа во просториите на Центарот за социјални претпријатија.

Целта на состанокот беше да се развие соработка и синергија со институциите и проектите, како и да се разгледаат активностите и да се усогласат проектите за да се избегне дуплирање на активностите, да се поддржи социјалното претприемништво да биде одржливо. На состанокот беа препознаени потенцијалите на социјалното претприемништво, развиените врски помеѓу локалните институции и социјалните претпријатија.

Се разговараше за показателите за социјалните претпријатија, декларацијата на социјалните претпријатија за социјалната мисија, продолжувањето на профитот на економските активности, распределбата на профитот, отчетноста/транспарентноста, со препорака да се фокусира на постојните социјалните претпријатија што треба да се развијат за да се обезбеди нивна одржливост .

Со свои предлози, сугестии и дискусија учествуваа претставници од МТСП, ФИТР, поголем број на експерти од неколку области, како и претставници на двата проекти финансирани од ЕУ.

СИТЕ НОВОСТИ