20 Мај Одржан координативен состанок во просториите на Сојузот на Специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР”
На 20.05.2021 се одржа координативен состанок со партнерот во проект “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР” – Сојуз на Специјални едукатори и рехабилитатори и претставници на ангажираното Македонско Монтесори Здружение за подгоготовка на персоналните планови и подготовка за преселба на корисниците од СЗ Демир Капија.
На состанокот беше презентиран статусот на досегашната работа од страна на Македонското Монтесори Здружение, како и потребните координативни напори помеѓу инволвираните ентитети за навремена подготовка на лицата за процесот на деинституционализација, согласно динамиката на отворање на малите групни домови за живеење со поддршка во заедницата.
Состанокот продолжи со дискусија за пристап за пронаоѓање на идни овластени провајдери како даватели на социјални услуги и нивната улога и поддршка во рамки на проектот; процесот на мапирање на потеницијални локации за формирање на мали групни домови за живеење со поддршка низ земјата согласно важечките правилници и законска рамка и тековни активности во рамки на проектот кои треба да се финализираат.