5 Maрт – Светски ден на Енергетска Ефикасност

5 Maрт – Светски ден на Енергетска Ефикасност

Секој 5 март, почнувајќи од 1998 година, се одбележува Светскиот ден на енергетската ефикасност . Иницијативата, која се појави во Австрија на Првиот меѓународен состанок за енергетска ефикасност, има за цел да ја подигне свеста за потребата од намалување на потрошувачката на енергија преку разумно и одржливо користење на истата во секојдневното живеење.

Подобрувањето на енергетската ефикасност се темели на оптимизирање на процесите на производство и потрошувачката на енергија, користење на обновливи извори на енергија наместо фосилни горива и промовирање на одговорна потрошувачка и рециклирање.

Тимот на ЦеПроСАРД го промовира подобрувањето на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија од своето основање во 2008 година започнувајќи со проектот “АгроЕнергија“. Преку овој проект работевме на воведување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во руралните средини, во сите сектори на земјоделското производство. Денес продолжуваме со активностите во насока на подобрување на енергетската ефикасност на болниците , преку проектот “Болници на Балканот со енергија близу нула – ЗенХ“.

Во 2021 година, среде пандемијата КОВИД-19, важно e да го одбележиме овој Светски ден на енергетска ефикасност, бидејќи борбата против климатските промени и здравствената криза бараат континуиран заеднички напор.

СИТЕ НОВОСТИ