11 Фев Во рамките на проектот ТИМОР се одржа работна посета на СЗДК од страна на тим на експерти ангажирани за подготовка на персоналните планови за преселба
Во текот на вчерашниот ден (11.02.21) во просториите на Специјалниот Завод Демир Капија се одржа прва работна посета на ангажираната организација Македонско Монтесори Здружение за спроведување на активноста подготовка на персонални планови на корисниците кои треба да бидат преселени во мали групни домови од Заводот.
На работната посета беше дискутирано за планот на спроведување на активноста, како и потребните услови и соработката со Специјалниот Завод Демир Капија. Персоналните планови ќе бидат подготвени согласно изработената методологија од страна на проектите од грантовата шема на IPA II 2017 Action Programme of the EU Support for Education, Employment and Social Policy; Support for the De-institutionalisation Process in Social Sector.
Проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР”е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци, а се спроведува од страна на ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна;
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска.