15 Авг ОТВОРЕН ПОВИК За Ангажирање Консултантска Компанија за Видео Продукција
Во рамки на трите проекти кои се имплементираат под ЕУ грантовата шема „Поддршка за процес на деинституционализација во социјален сектор“ која го поддржува процесот на деинституционализација во корист на услугите базирани на заедницата, имплементација на одржливо живеење во заедница и социјални услуги во заедницата во согласност со целите и планот за имплементација на „Националната стратегија за деинституционализација (2018-2027)“ – со цел да се подигне јавната свест на населението, да се зајакне партнерството помеѓу проектите и да покрене застапеноста на оваа тематика, проектите “Together for introduction of more opportunities and respect” (TIMOR); “Supporting the resettlement of persons with intellectual disabilities from the residential institution of Demir Kapija into community based supported living settings” и “Getting a Life – Deinstitutionalisation of Residents of Demir Kapija Institution” ангажираат компанија базирана во Северна Македонија за изработка на промотивно и едукативно видео на темата Ковид-19 вирусот.
Општа цел
Општата цел на задачата е да се создаде видео кое ќе служи за зголемување на јавната свест и подобра информираност за важноста на спроведувањето на мерките за самозаштита, како и да го демонстрира правилниот начин на спроведување на мерките за заштита во секојдневните ситуации во време на Ковид-19 пандемијата и важноста на социјалното дистанцирање со различни групи луѓе во секојдневието.
Задачата е дел од предложените активности за застапување, дисеминација и промоција во време на пандемија во заедничкиот документ испратен до делегацијата на ЕУ и содржи подготовка на промотивно видео за застапување на важноста на процесот на деинституционализација и да ги истакне потребите на лицата со интелектуална попреченост во справувањето со Ковид-19 пандемијата. Видеото треба да биде адаптирано да се биде разбирливо и за луѓето со интелектуална попреченост и тешкотии во учењето, деца и општата јавност – развиено со професионална методологија преку следење на „easy to read“ насоки.
Специфична цел
Изведувачот треба да изработи едно видео (со должина max 120 секунди) со титлови на македонски јазик.
Критериуми на изведувачи
Компаниите за продукција на видео ќе бидат оценувани според следните критериуми:
• Повеќе од 3 годишно искуство работа во слично поле – искуство и компетенции во развој на промотивни видеа; продукција на филм /документарен филм;
• Искуство во креирање видеа поврзани со тематиката – видеа наменети кон лица со попреченост или видео материјал во областа на менталното здравје ќе се сметаат за предност;
• Технички капацитети за да обезбеди непречена, навремена и високо-квалитетна продукција;
• Искуство во работа со граѓански организации и проекти поддржани од ЕУ е добредојдена;
• Јасна артикулација на капацитети и вештини и иновативен пристап кон реализирање на задачата
Процедура за аплциирање
Апликантите треба да ги поднесат следните документи:
• Техничка понуда: Кратко писмо за интерес, каде е наведено зошто апликантот смета дека е погоден за задачата, општ концепт на предлогот со А4 опис на предвидено сценарио;
• Кратка методологија на пристапот и спроведувањето на задачата;
• Предлог временска рамка; CV (кратки биографии) од технички лица ангажирани за овој проект истакнувајќи ги квалификациите и искуството во слични проекти;
• Референци – портфолио на компанијата и примери на минати проекти, по можност со слична големина и обем (опис на проекти со најмногу 3 страници и најмалку 3 примери на видеа во ДВД формат или онлајн линк)
• Финансиска понуда – надомест за консултантски услуги и поделба на трошоци (единечна цена заедно со останати трошоци) поврзани со задачата
Сите апликации треба да бидат испратени на македонски јазик преку е-маил на сите е-маил адреси: info@ceprosard.org.mk; vasileska.k@kmop.gr; nikola.ivanovski@peopleinneed.cz
Рок за аплицирање: 20 август 2020 во 16:00
Проектите се финансирани од Европската Унија