Дел од тимот на Проектната Единица за Имплементација (ПЕИ) на проектот ТИМОР во работна посета во Општина Демир Капија

Дел од тимот на Проектната Единица за Имплементација (ПЕИ) на проектот ТИМОР во работна посета во Општина Демир Капија

На 07.05.2020 година, членовите на ПЕИ на проектот ТИМОР одржаа работна посета во просториите на општина Демир Капија. На средбата присуствуваа г-дин Борче Ставров – проектен координатор на проект ТИМОР – назначен од Oпштина Демир Капија и Александра Велковска директор во ЈУ Специјален завод Демир Капија.

Целта на работниот состанок беше да се разгледа актуелната состојба во ЈУ Специјален завод Демир Капија и да се направи анализа за понатамошна имплементација на проектните активности во согласност со временската рамка на проектот.
Лидер апликант на проектот е: ЗГ ЦеПроСАРД
Ко-апликанти во проектот се:

  • Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
  • Општина Демир Капија;
  • Специјалниот Завод Демир Капија и
  • Фондацијата Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од IPA II 2017 акциската програма од фондот за ЕУ поддршката за образование, вработување и социјална политика.

СИТЕ НОВОСТИ