14 Фев Почетен состанок во рамки на проектот ZeNH Balkan – Кон нулa енергетски болници во Балканскиот регион се одржа во Ксанти – Грција
На 13 и14.02.2018 во Democritus University of Thrace во Xanthi се одржа почетен информативен состанок, во рамки на проект ZeNH Balkan – Кон нулa енергетски болници во Балканскиот регион.
Проектот ZenH Balcan е поддржан од Секретаријатот на Европската комисија, проект INTERREG, Солун – Грција, со времетраење од декември 2017 до ноември 2019 година.
Учесници на состанокот беа претставници од CeProSARD; Albaforest – Centre for Forest Studies and Consulting од Албанија; Sofia Energy Centre Ltd од Бугарија и The Cyprus Institute Ltd од Кипар.
Состанокот беше искористен да се запознаат организациите со целите на акцијата како и да се информираат за можностите и начинот за нивната вклученост во спроведувањето на предвидените активностите. Генерален заклучок од настанот е дека клучните актери заеднички ќе делуваат во спроведувањето на проектните активности за олеснување на имплементацијата на ревидираната директива за енергетски карактеристики на згради (Energy Performance of Buildings Directive – EPBD) преку дефинирање на карактеристиките и стандардите за нулта енергетски болници во регионот на Јужен Балкан.
Координатор на проектот е:
Democritus University of Thrace, Department of Environmental Engineering
Покрај CeProSARD партнери на проектот се :
- Albaforest – Centre for Forest Studies and Consulting, Albania
- Sofia Energy Centre Ltd, Bulgaria
- The Cyprus Institute Ltd, Cyprus
Овој проект е финансиран од Европската Унија.