Реализирана настава со часови за одржлив развој во СГГУГС Здравко Цветковски во Скопје

Реализирана настава со часови за одржлив развој во СГГУГС Здравко Цветковски во Скопје

На 30 мај 2018, за учениците од прва година од смерот – архитектура во стручното средно училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје, се одржа настава со часови за одржлив развој. Часовите беа реализирани на тема „Хидроградба“ од г-ѓата Ангелка Михајловска, наставник по предметот „Основи на градежништвото“.

Активноста се реализираше во рамки на проектот „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој“ кој го спроведува ЦеПроСАРД во соработка со неколку училишта од земјата, а со поддршка на РЕЦ и АДА.

Нашиот тим беше сведок на одлично подготвен пристап, методи и форми на наставата, како и интерактивност на учениците, а дел од нив – Сара Николовска, Ана Спирковска и Викторија Јакимовска, имаа и свои презентации на тема.

Исклучителниот интерес не поттикна да ја продлабочиме соработката и во следни активности, па завршниот настан на проектот ќе се организира со нивна поддршка во просториите на училиштето, на 7 јуни (четврток) 2018.

СИТЕ НОВОСТИ