06 Јул Проценка на животната средина и подготовка на Интегрирана еколошка “Б” дозвола за Арадико Коп ДООЕЛ
ЦеПроСАРД како консултант од областа на животната средина изработи Интегрирана Еколошка дозвола “Б” за потребите на Арадико Коп ДООЕЛ увоз-извоз с. Р`жаничино Петровец, со кофинансирање од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Консултантските услуги кои беа спроведени во текот на проектот беа поделени во две фази и тоа – прва фаза каде беше направена проценка на постоечка состојба и втора фаза каде беше направено Интегрирано Спречување и Контрола на Загадувањето (ИСКЗ) со проценка и мерења на емисии на загадување. Во текот на оваа фаза консултантите користеа сопствена мерна опрема со цел да ги обработат сите влезни податоци и да изготват студии и елаборати (поставување на проектот, вршење на калкулации и предлог мерки) во сопствените простории за работа.
Резултат од проектот е изготвената ПРОЦЕНКА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПРИМЕНА за “Б“ дозвола за Интегрирано Спречување и Контрола на Загадувањето (ИСКЗ). Целокупната анализа и реализација на предложениот сет мерки за заштита одржливо управување со животната средина и добиените податоци беа внесени во темплејт на документот за интегрирано спречување и контрола на загадувањето Б дозвола во согласност со македонската законска регулатива.
Документот е изработен на македонски јазик и доставен во електронска и печатена форма на надлежните институции – општина Петровец. Со тоа е дадена можност за подобрување на ефикасноста на ресурсите и управувањето со животната средина во опкружувањето на фирмата АРАДИКО КОП ДООЕЛ увоз-извоз с. Р`жаничино Петровец и намалување на трошоците за јавна одговорност со избегнување на казни за загадување на животната средина.
Согласно програмата за подобрување и препораките опфатени со интегрираната еколошка Б дозвола, односно предложените мерки и системи, врз основа на предложената приоритизација, конкретните придобивки, динамика на поврат на инвестиција и во согласност со развојната стратегија на компанијата, очекуваните придобивки од проектот ќе овозможат: соодветен избор и имплементација на мерки за намалување на влијанијата врз животната средина кои настануваат дирекно од процесот на производство; воведување на мерки или подобри техники на работење и надоградување на постоечката опрема кои ќе придонесат за намалување на загадувањето на околината. Подобра/поконкурентна понуда, што дирекно ќе влијае во понатамошно подобрување на работењето на компанијата изразено преку подобрување на позицијата, препознатливоста и учеството на пазарот каде ќе биде препознаена како пример кој ги следи глобалните трендови за заштита на животната средина и климатските промени. Со своите активности позитивно ќе влијание за мултиплицирање на ефектите и кај други бизниси од овој сектор.
Воведувањето на програмата за подобрување ќе имаа директни позитивни импликации врз подигањето на свеста на пошироката јавна свест имајќи ја предвид разновидноста на клиентелата, а секако и преку подобрувањето на навиките на вработените.