Студиска посета во Гранада, Шпанија во рамки на проектот Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ

Студиска посета во Гранада, Шпанија во рамки на проектот Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ

Oд 20 до 23 Ноември, 10 учесници од Македонија, заедно со 2ца претставници од ЛАГ Уна, Хрватска остварија студиска посета во Гранада, Шпанија во рамки на проектот – Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ.

Во текот на студиската посета, учесниците имаа состанок со претставник на Регионалното министерство за Земјоделство и рурален развој кој е одговорен орган за функционирањето на локалните акциски групи во регионот. Исто така,групата имаше состаноци со претседателите на повеќе локални акциски групи во регионот – ЛАГ ALTIPLANO (База, Гранада); ЛАГ COMARCA DE GUADIX (Гуадикс, Гранада) и ЛАГ Lecrin – Temple-Costa каде заедно дискутираа околу начинот на фукнционирањето на локалните акциски групи и имплементацијата на ЛИДЕР пристапот. Во рамки на студиската посета, групата теренски посети и повеќе локални бизниси со цел директно да ја согледа и разбере важноста од соработката помеѓу локалните акциски групи и приватниот сектор и нејзините придобивки.

СИТЕ НОВОСТИ