08 Ное Инсталација на систем за мониторинг на крупни месојади во НП Пелистер
На 8 Ноеври 2018 беше финализирана активноста за инсталација на систем за мониторинг на крупни месојади во НП Пелистер. Тим составен од експерти за мониторинг ангажирани од ЦеПроСАРД и ренџери вработени во паркот поставија 10 фото замки на повеќе локации на територијата на паркот.
Овој систем е набавен во рамки на проектот и е наменет за мониторинг и заштита на кафеавата мечка (Ursus arctos), рисот (Lynx lynx) и волкот (Canis lupus).
Набавката на системот кој покрај камери содржи компјутерска и друга пропратна опрема е спроведена во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“.
Овој проект го имплементира ЦеПроСАРД во соработка со НП Пелистер, како дел од Програмата за подобување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП.