24 Јан ЦеПроСАРД заедно со Центарот за развој на Полошкиот Плансски Регион овозможи да се одржи Основачкото собрание на ЛОКАЛНА АКЦИСКА ГРУПА – ЛАГ ПОЛОГ ЛИДЕР
На 24.01.2019 година ЗГ ЦеПроСАРД заедно со Центарот за развој на Полошкиот Плански Регион го организираше Основачкото собрание на ЛАГ “Полог – Лидер“. ЛАГ-от Полог Лидер го сочинуваат граганските организации, бизнис секторот и институциите кои работат и припаѓаат во рамки на општините Тетово, Желино и Брвеница.
На настанот г-ѓа Соњица Ѓорѓиевска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го образложи значењето, сегашната состојба со ЛАГ-овите во РМ и идните стратешки развојни политики на МЗШВ во оваа област. По исцрпните одговори на поставенте прашања од основачите на ЛАГ-от , претставниците на МЗШВ го напуштија настанот. Г-дин Фатмир Саити директор на Центарот за развој на Полошкиот Плански регион беше избран за Претседавач на Оснивачкото Собрание и ја водеше седницата во согласност со доставената Агенда. Претставници на локалните единици на Општина Тетово, Општина Брвеница, и општина Желино, како и претставниците од граѓанскиот и бизнис секторот дадоа свој придонес и покажаа исклучителна соработка со адвокатот г-дин Дарко Џартовски за формирање на ЛАГ-от.
Овој настан се спроведе во рамките на проектот „Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ“ – (BUILDLAG).
Проектот е финансиран од ЕУ.