06 Ное ЦеПроСАРД учестуваше на Работилницата за механизмите на финансиска поддршка од Европската Унија која на 06.11.2019 се одржа во Hotel Double Tree во Скопје
Posted at 11:45h
in Новости
Претставници на ЦеПроСАРД учествуваа на работилницата која ја организираше Делегацијата на Европската Унија за финансиската поддршка која ја овозможува ЕУ.
Ова беше последна од серијата од 25 работилници кои се одржаа низ целата земја.
Амбасадорот Самуел Жбогар и Раководителот на секторот за соработка Никола Бертолини, со градоначалниците од скопскиот регион, одговорните лица од преку 60 македонски општини, претставници на невладиниот сектор и други чинители, имаа можност да дискутираат за предизвиците на локално ниво, можностите за нивно финансирање од страна на ЕУ, но и за начинот како да се испорача квалитетен проект.