19 Апр ЦеПроСАРД на Иницијална работилница за отпочнување на процес за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за екосистемски услуги – Програма за зачувување на природата во Република Северна Македонија
Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од Фармахем – Скопје, а главни партнери на Програмата се: Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, ЈП „Национални шуми“, Центар за развој на Источен Плански Регион, Шумарски факултет во Скопје и Северно Македонско еколошко друштво, се организира работилница за отпочнување на процес за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за концептот за екосистеми и екосистемски услуги.
При отворање на работилницата говореа претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) на Република Северна Македонија.
На компонентата за воспоставување на механизам за плаќање на екосистемски услуги се осврна претставник од Програмата и Северно Македонско еколошко друштво.
За искуствата од процесот на јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за екосистемски услуги во Република Бугарија – говореше Светла Братанова Дончева, Институт за биолошка рaзновидност и истражување на екосистемите при Бугарската академија на науките.
Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија – фаза 2 е проект на Швајцарската агенција за развој (SDC), која има за цел да и’ помогне на Република Северна Македонија во зачувување на нејзините уникатни екосистеми и биолошката разновидност, преку промоција на нивно одржливо управување и користење.