12 Јан ЦеПроСАРД започна со имплементацијата на проектот „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој“
Проектот официјално стартуваше на 1 јануари 2018 година и е со времетраење од 6 месеци.
Тој има за цел „да се подобрат знаењата и вештините на учениците и наставниот кадар во средните технички училишта во земјата преку интегрирана подготовка и воведување едукативни програми за ЦОР во образовниот процес“. Вклучувањето на сите засегнати чинители во проектот ќе овозможи развој и нивно унапредување, ќе поттикне партнерства за заеднички активности и ќе значи придонесе кон глобалните процеси во оваа област.
Целни групи на проектот се наставниот кадар и учениците од средните училишта со технички насоки (градежна, машинска и електротехничка) во Скопје, Гостивар, Тетово и Крива Паланка и локалните самоуправи, ГО кои работат во областа на одржливиот развој, како и наставниците и учениците од средните училишта во земјата.
Свечено потпишување на Договорите за грант беше организирано на 12.01.2018 во рамки на Состанокот на добитници на кој беа поканети претставници на сите пет проекти.
Проектот се спроведува преку грант од програмата СЕЕДЛИНГ на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа. Програмата е финансирана од Австриската агенција за развој (АДА), преку Австриската меѓународна соработка за рзавој (АДЦ).