16 Јан ЦеПроСАРД започна со имплементација на проектот ZeNH Balkan – Кон нулa енергетски болници во Балканскиот регион
Проектот ZenH Balcan е поддржан од Секретаријатот на Европската комисија, проект INTERREG, Солун – Грција, со траење од декември 2017 до ноември 2019 година.
Проектот има за цел да ја олесни имплементацијата на ревидираната директива за енергетски карактеристики на згради (Energy Performance of Buildings Directive – EPBD) преку дефинирање на карактеристиките и стандардите за нулта енергетски болници во регионот на Јужен Балкан. Проектот ќе придонесе кон подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор – болниците. Болничките згради се сметаат за комплексни системи бидејќи поседуваат неколку енергетски интензивни функции (системи на греење и ладење кои треба да обезбедат строги услови на комфор, висока побарувачка за топла вода и сл.).
Координатор на проектот е:
Democritus University of Thrace, Department of Environmental Engineering
Покрај CeProSARD партнери на проектот се :
- Albaforest – Centre for Forest Studies and Consulting, Albania
- Sofia Energy Centre Ltd, Bulgaria
- The Cyprus Institute Ltd, Cyprus
Очекувани резултати се:
- Подготовка на стандарди и упатства за ЕЕ на болници за ZenH;
- Подобрување на техничкиот капацитет на професионалните групи и владините службеници кон концептот на ЕЕ објекти;
- Подготoа на детална анализа и тестирање на поставените моделите за подобрување на 7 болнички згради во блиску до нула енергетски згради – NZEB кои ќе бидат подготвени да бараат финансиски сретства за нивнa имплементација.
Овој проект е финансиран од Европската Унија.