ЦеПроСАРД започна со изработка на физибилити студија, документ за оправданоста на проектите “Реконструкција на улици во село Мешеишта” и “Подобрување на капацитетите на ЈКП Дeбрца”

ЦеПроСАРД започна со изработка на физибилити студија, документ за оправданоста на проектите “Реконструкција на улици во село Мешеишта” и “Подобрување на капацитетите на ЈКП Дeбрца”

Заради изработка на документ за оценка на проектите за “Реконструкција на улици во село Мешеишта” и “Подобрување на капацитетите на ЈКП Дeбрца преку набавка на механизација” на 30.03.2018година претставници од тимот на ЦеПроСАРД, ја посетија општина Дебарца. ЦеПроСАРД е ангажирана организација за техничка помош од МСИП проектот за подобрување на општинските услуги при Министерството за Финанси.

Во текот на посетата беа остварени одделни средби со градоначалникот на општината г-дин Зоран Ногачески, членови на општинскиот совет, граѓани од населеното место Мешеишта и општинската администрација. Целта на разговорите беше утврдување на реалните потреби од реализација на проектите во општина Дебарца. По интервјуата направени со фокус групите, активностите продолжија на терен каде на лице место беше направен увид во фактичката состојба.

Проектите ќе се финансираат со заем од Меѓународната банка за инвестиции и развој (Светска банка) и грант сретства за успешно спроведен проект, преку МСИП проектот за подобрување на општинските услуги.

http://debrca.gov.mk/2018/03/30/%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B4%D0%B0/

СИТЕ НОВОСТИ