06 Мар Формирана е мрежата за интегрирано управување со енергија во Полошкиот Плански Регион (ППР) преку проектот PologEnergyNet
Тимот на ЦеПроСАРД во рамките на проектот PologEnergyNet го иницираше формирањето на Регионална мрежа за интегрирано управување со енергија (ИУЕ).
Во Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион, на 6- ти март, се формираше Регионална мрежа за интегрирано управување со енергија (ИУЕ). Регионалната мрежа за ИУЕ има неформална и волонтерска форма, а ја сочинуваат претставници на ЕЛС, НВО од областа на заштита на животната средина, Бизнис заедницата, Образовни институции, Енергетски контролори. Присатни беа 28 претставници. Со тоа се промовира значењето и потребата од интегрираното управување со енергија со цел подигање на нивото на јавна свест за таквиот систем.
Активностите на мрежата за ИУЕ се однесуваат на дефинирање на постапки и чекори за донесување на Програма за ЕЕ на Општините во Полошкиот плански регион. За олеснување на едукативно-промотивни активности на мрежата изработен е Водич за ИУЕ.
По завршување на проектот, се очекува мрежата да продолжи со креирање на нови пилот проекти од областа на ИУЕ што ќе овозможи секоја општина во ППР да изработи Акциски план за одржлив енергетски развој SEAP. Од постоењето и функционирањето на ова тело, регионот ќе биде далеку поподготвен да го пречека целосното имплементирање на системот на интегрирано управување со енергија согласно стандардите за животна средина во ЕУ.