Тркалезна Маса – “Предизвици и Можности за развој на социјалната економија во Република Северна Македонија”

Тркалезна Маса – “Предизвици и Можности за развој на социјалната економија во Република Северна Македонија”

Здружението на граѓани Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”, во Центарот за поддршка на социјалните претпријатија на 04.05.2022 со почеток во 10:00 часот го одржа настанот – Тркалезна маса со тематика “Предизвици и можности за развој на социјалната економија во Република Северна Македонија”.

Настанот е организиран како дел од проектните активности кои имаат за цел да ги поддржат социјалните претпријатија и да изнајдат решенија за задоволување на нивните потреби. Да се подобрат условите за работа и капацитетот на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија и да се поддржи развојот на потенцијалните и постојните СП за значително зголемување на нивниот оперативен капацитет, одржливост, пристап до пазарите и зелената економија, притоа поддржувајќи го зголемувањето на вработувањето на ранливите групи на луѓе, со што ќе придонесе за нивната социјална и професионална реинтеграција. На настанот посебно внимание се обрна кон земјоделските и енергетски задруги како потенцијални Социјални Претпријатија.

Проектните активности и цели, како и самиот настан- Тркалезна маса “Предизвици и можности за развој на социјалната економија во Република Северна Македонија”, беше промовиран како дел од емисијата Студио 10 на телевизија 24, каде претставник на проектниот тим ги претстави проблемите со кои се соочуваат чинителите во Социјалното Претприемништво (Креаторите на правната рамка, основачи на Социјални Организации, претставници на релевантни институции и останати), но и начините на справување со истите.

Настанот проследен од националните медиуми можете да го погледнете на следните линкови:

Телевизија 24

Телевизија СИТЕЛ

На ФБ

Проектот е финансиран од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ