Соработка со проекти кои работат во полето на социјалното претприемништво финансирани од ЕУ

Соработка со проекти кои работат во полето на социјалното претприемништво финансирани од ЕУ

[vc_row css_animation=”” row_type=”row” use_row_as_full_screen_section=”no” type=”full_width” angled_section=”no” text_align=”left” background_image_as_pattern=”without_pattern”][vc_column][vc_column_text]Проектниот тим на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе” имплементиран од страна на ЗГ Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД на 27.04.2022 година присуствуваше на промоцијата на документарниот филм „Барка – извор на живот“, во просториите на Младинскиот Културен Центар.

Документарниот филм е поддржан од страна на Амбасадата на Република Полска во Скопје, заедно со проектот “Поддршка на социјалните претпријатија” финансиран од ЕУ. Барбара Садовска, проектната тим лидерка и претседателка на фондацијата “Барка” истакна дека е од суштинско значење да се пренесе искуството на ваквите претпријатија, не само што навистина можат да помогнат на заедницата, туку може да бидат одржливи и од нив да имаат придобивки сите – и оние кои ги основале и луѓето кои работат во нив, но и целото општество.

На настанот поддршка даде и Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска го истакна значењето на социјалните претпријатија кои се насочени кон создавање на еднакви шанси за сите и еднакво општество, тие придонесуваат кон еколошки и економски развој, но и допринесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите.

Проектот „Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад“ себе е финансиран од Европската Унија.

[/vc_column_text][vc_gallery type=”image_grid” images=”4834,4836,4824,4826,4828,4830,4832″ img_size=”full” column_number=”4″ grayscale=”no” images_space=”gallery_with_space”][/vc_column][/vc_row]

СИТЕ НОВОСТИ