31 Мај Претставници од Општина Тетово, ЦеПроСАРД и RDA South од Косово, учествуваа на работилницата за „Практично менаџирање на проекти и мониторинг систем“ за добитници на грантови од IPA II програмата за прекугранична соработка во Приштина, Косово
Претставник од ЦеПроСАРД, заедно со партнерите: Општина Тетово и RDA South од Косово во проектот „ Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“, учествуваше на тридневна работилница за обука на тема: “ Практично менаџирање на проекти и мониторинг систем за корисниците на грантови во рамките на Програмата за прекугранична соработка, Косово – Република Македонија, ИПА II 2014-2020 “ одржана на 28, 29 и 30 мај 2018 година во Приштина, Косово.
На работилницата уествуваа сите добитници на грантови од Косово и Македонија со своите партнери.
Преку обуката учесниците се здобија со познавања за процедурите и начините на поставување проектни тимови, соодветно планирање на проектните активности и финансии, начини на вршење на контрола и проектно администрирање, справување со предизвиците за време на изведбата на проектот, начини на собирање и анализирање на податоци, како и поставување на добар систем за мониторинг.
Работилницата беше организирана од Канцеларијата на Европската унија во Косово заедно со оперативните структури, Министерството за локална администрација (МЛГА) од Косово и Министерството за локална самоуправа (МЛС) од Република Македонија, а со поддршка на тимот за градење прекугранични институции (CBIB + ).