Претставници на ЗГ ЦеПроСАРД учествуваа на тркалезна маса „Унапредување на еколошката правда – Состојби, предизвици и перспективи“

Претставници на ЗГ ЦеПроСАРД учествуваа на тркалезна маса „Унапредување на еколошката правда – Состојби, предизвици и перспективи“

На 13.11.2023 Претставници на ЗГ ЦеПроСАРД учествуваа на тркалезна маса на тема „Унапредување на еколошката правда – Состојби, предизвици и перспективи“.
Настанот беше одржан во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамки на проектот „Унапредување на еколошката правда во Северна Македонија“ финансиран од Глобалната програма на УНДП за зајакнување на владеењето на правото, човековите права, правдата и безбедноста за одржлив мир и развој.
Беа презентирани и дискутирани предлог стратешките области во рамките на Националната развојна стратегија: „Добро владеење и владеење на правото“ и „Зелена трансформација“ со осврт на моменталната состојба, стратешките цели и приоритети за следните 20 години како и на еколошката правда. Се дискутираше и пристапот до еколошка правда, предизвиците во справување со еколошкиот криминал и дефинирањето на предлог мерки за зголемување промоција, заштита и унапредување на правото на чиста и здрава животна средина во нашата земја согласно утврдените приоритети во Нациналната развојна стратегија.

СИТЕ НОВОСТИ