Претставник на ЗГ ЦеПроСАРД учествуваше на Обука за Мониторинг и евалуација на граѓански организации

Претставник на ЗГ ЦеПроСАРД учествуваше на Обука за Мониторинг и евалуација на граѓански организации

На 23-24 јануари 2020 во хотел Порта, Скопје, во рамки на постојаното професионално усовршување, претставник на ЗГ ЦеПроСАРД учествуваше на „Обука за Мониторинг и евалуација на граѓански организации“, во организација на Граѓански ресурсен центар, во рамки на Проект финансиран од Европската Унија.

Обуката ги опфати следните теми:

• Запознавање со процесот на мониторинг и организациски мониторинг систем.
• Видови на мониторинг, цели и намена на мониторингот.
• Подготовка на мониторинг план.
• Дефинирање и избор на индикатори за мониторинг.
• Прибирање на податоци и извори за верификација.

• Видови на евалуација, цели и намена на евалуацијата.
• Употреба на резултатите од евалуацијата.
• Евалуација на организациско ниво. Евалуација на организациски капацитет.
• Алатки за само-оценка на организација.

СИТЕ НОВОСТИ