17 Авг Преселба на лицата со попреченост во седмата стамбена единица за живеење со поддршка во Општина Демир Капија , формирана во рамките на проектот ТИМОР
На 16.08.2022 година, во рамките на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“ се изврши преселба на 5 лица со попреченост од Специјалниот Завод Демир Капија во станбена единица за поддржано живеење во Демир Капија.
Овој дом претставува 7-ма станбена единица за поддржано живеење во заедницата, воспоставена во рамките на проектот ТИМОР и e дел од 10-те мали групни домови предвидени во процесот на деинституционализација при проектот. Со станбената единица ќе раководи Специјалниот Завод Демир Капија, како давател на услугата -живеење со поддршка во заедницата за лица со попреченост, каде лицата ќе добиваат 24 часовна нега и грижа, но и вклучување во сите апсекти на општествениот живот.
Проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“ има за цел да го овозможи спроведувањето на процесот на деинституционализација на лицата со попреченост од резиденцијалните институции во единици за домување со поддршка во заедницата, преку обезбедување на иновативни социјални услуги.
Проектот е финансиран од Европската Унија и се имплементира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.
Проектот се имплементира во конзорциум со:
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- ЈУ Специјален Завод Демир Капија
- Општина Демир Капија
- Фондација Лоза, Шведска