26 Дек Предновогодишна посета на отворените станбени единици во проектот ТИМОР
Тимот на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР во текот на вчерашниот ден во чест на престојниот празничен период ги посети преселените корисници во 9те станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во Башино Село, Велес, Градско, Неготино и Демир Капија.
Во сите домови не пречекаа топлина, украсени елки и новогодишни украси кои корисниците ги правеле заедно со персоналот во станбените единици. Иако ликовите на прикачените фотогорафии се заматени, говорот на телото ја прикажува енергија, радоста и возбудата на сите 45 корисници кои новата година ќе ја дочекаат во топол дом.
Тимот на проектот им подари новогодишни пакетчиња, разговараше со асистентните и координаторите во домовите за прилагодувањето на корисниците, нивните потреби во престојниот период и продолжување на соработката со Специјалниот Завод Демир Капија и Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес како даватели на сервисните услуги на отворените домови во проектот.
Овие среќни лица прават да сме горди на резултатите од проектот, не мотивираат и потсетуваат да работиме за вклучување на најранливата категорија на граѓани во општествените активности и потребата за надоградување на социјалните сервисни услуги и продолжување на процесот на деинституционализација во периодот кој следи.
Проектот е финансиран од IPA II 2017 акциската програма од фондот за ЕУ поддршката за образование, вработување и социјална политика, во времетраење од 36 месеци.
Проектот е имплементиран во конзорциум со:
– Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
– Општина Демир Капија;
– Специјалниот Завод Демир Капија и
– Фондацијата Лоза од Шведска