18 Фев Прв состанок на Насочувачки Комитет на проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – Не оставај никој зад себе
На 18.02.2022 година, проектниот тим на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”, го одржа првиот состанок на Насочувачкиот Комитет преку платформата ZOOM.
Состанокот го отвори извршниот директор на организацијата ЦеПроСАРД – г-ѓа Светлана Петровска, која е организација спроведувач на проектот. Свое обраќање имаа Претседателот на Насочувачкиот Комитет г-ѓа Јадранка Аризанковска, претставник на Стопанска Комора на РСМ, проектниот менаџер и проектниот асистент. Со свои претставници во Насочувачкиот Комитет учествуваа и други релевантни институции, Министерство за труд и социјална политика- МТСП, Центар за развој на Вардарски Плански Регион- ЦРВПР, Центар за развој на Скопски Плански Регион- ЦРСПР, Општините Карпош и Ѓорче Петров, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување- МИР, СУГС “Марија Кири Склодовска” и од бизнис секторот компанијата Гобекс.
Дел од тематиките кои беа опфатени во дискусијата беа претставување на прокетните специфични цели, активности, очекувани резултати. Претставување на реализираните активности и видливоста на проектот. Се разви дискусија за текот и имплементацијата на проектните активности за развој на социјалното претприемништво, соработка со институциите на локално, регионално и национално ниво, бизнис секторот и граѓанските организации. Исто така беа предложени ченови на Комисијата за критериуми и избор на социјални претпријатија и лица од ранливи категории за ко-финансирање.
Проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија преку следење на принципот не оставај никој зад себе” е финансиран од страна на Европската Унија.
Период на имплементација: од 01.12.2021- 31.05.2023 во времетраење од 18 месеци.