21 Ное Почеток на средбите за мониторинг на организациите – грантисти во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе”
Од средината на месец ноември, тимот на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе” започна со низа воведни состаноци и мониторинг посети со 6те грантисти чии договори беа потпишани во месец октомври 2022 година.
На 21 ноември, тимот оствари состанок со ВАЈС Груп, кои го имплементираат проектот „Трансформирање на конвенционалните синџири на снабдување на винариите во циркуларни“. Главната цел на проектот е претворање на конвенционалните синџири на снабдување на винариите во циркуларни. За да се оствари оваа цел, ВАЈС Груп разви иновативно решение кое се состои од собирање на комињето кое винариите во моментот го третираат како отпад и негово рециклирање и претворање во нови производи од прехранбената индустрија.
На состанокот се дискутираа повеќе тематски области за почеток на имплементација на активностите и насоки за успешна имплементација на истите.
Проектот е финансиран од Eвропската Унија