Потпишан третиот договор за партнерство од RECONOMY програмата со КОАИ

Потпишан третиот договор за партнерство од RECONOMY програмата со КОАИ

Со растечко задоволство го објавуваме потпишувањето на третиот договор на 18 септември 2024 година, со пазарниот актер Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, како дел од проектот „Енергетска ефикасност во градежништвото и реновирањето во Западен Балкан“ во рамките на RECONOMY програмата.

Целта на договорот е да придонесе за имплементација на програмата RECONOMY, конкретно стремејќи се кон:

  • Зајакнување на жените, младите и обесправените групи во Зелената градба со обезбедување прилагодена обука и ресурси кои конкретно се однесуваат на нивните потреби и стекнување со вештини потребни за учество и стекнување корист од растечкиот сектор за зелена градба;
  • Промовирање на инклузивен напредок во кариерата за жените, младите и обесправените групи за да ги унапредат своите кариери преку стекнување на специјализирани вештини за енергетско ефикасно градење, а со тоа подобрување на нивната вработливост и пристап до подобри можности за работа во градежната индустрија.
  • Зголемување на пристапноста до висококвалитетен професионален развој преку инклузивната платформа која ги отстранува бариерите за учење, обезбедувајќи им на професионалците од сите средини, вклучително и оние од оддалечените или недоволно опслужените области, способност да се вклучат во висококвалитетна обука според нивна можност.
  • Зајакнување на соработката и инклузивноста меѓу инженерските комори во регионот на Западен Балкан со алатка за споделување знаење и соработка.

Со формирањето на Регионален центар за обука, целта е да се обезбеди развој на инклузивни вештини преку обука за енергетски ефикасен дизајн и одржливи градежни практики прилагодени на различни потреби за учење и нивоа на пристап.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во партнерство со ЦеПроСАРД и други во Источното партнерство и регионот на Западен Балкан.

СИТЕ НОВОСТИ