Подготовка на Монографија „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“

Подготовка на Монографија „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“

На 13.05.2022 д–р Наташа Станојковска Трајковска, вонреден професор на Филозовскиот факултет во Скопје во Институт за специјална едукација и рехабилитација, заедно со проектниот менаџер на проектот ТИМОР направи работна посета на сите стамбени единици формирани од проектот.

Д-р Н.Станојкоска Трајковска е еден од ангажираните експерти од страна на проектниот тим на проектот ТИМОР за изработка на Монографијата „Заедно за повеќе можности и поддршка“. Станбените единици за живеење со поддршка кои беа посетени се во функционална фаза и во фаза на реконструкција. Сместени се во општините Демир Капија, Неготино, Градско и Велес.

Монографијата како публикација ќе биде подготвена со цел да придонесе за успешно спроведување на процесот на деинституционализација и споделување на позитивно искуство за успешно преселување на лица со попреченост во заедницата. Целта на изработката на Монографијата воедно е да се пренесе стекнатото знаење и искуство од процесот на деинстутионализацијата на студентите во областа, социјалните работниците и сите релевантни чинители.

При посетата беа одржани работни средби со претставници на давателот на социјална услуга СЗ Демир Капија (СЗДК) и Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес од Велес (ЗЛЦПДП) од Велес.

Изработката на Монографијата претставува поддршката за процесот на деинстуционализацијата во рамки на социјалниот сектор на ЕУ. Овој документ ќе биде достапен во дигитална и печатена форма и ќе биде доставен на МТСП за понатамошно дејствување на полето на деинституционализацијата.

Водечкиот апликант на проектот ТИМОР е ЗГ Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД.

Ко-аликанти на проектот се:
Сојуз на Специјални Едукатори и Рехабилитатори на Република Северна Македонија – ССЕР
ЈУ Специјален Институт Демир Капија
Општина Демир Капија и
Фондација Лоза од Шведска

Времетраење на проектот: 02 Јануари 2020 – 01 Јануари 2023

Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ