16 Јан Организирана Тркалезна маса во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух”
На 16.01.2020, тимот на ЗГ ЦеПроСАРД, во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух”, организираше настан во хотел Карпош, Скопје – Тркалезна маса “Состојби, предизвици и перспективи за решавање на проблемите со аерозагадувањето во Скопскиот плански регион – Предлози”. Проектот се спроведува со финаниска поддршка на Владата на Р. С. Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.
На настанот свое обраќање имаа г-ѓа Ана Петровска – државен секретар во МЖСПП, г-дин Нехри Емрула – директор на Агенција за Енергетика на Република Северна Македонија, г-дин Стефан Богоев – градоначалник на Општина Карпош и г-ца Теа Тевева, проектен координатор. Активно учество на тркалезната маса земаа претставници од граѓанските организации Еко свест, РЕЦ, Новинари за човекови права, претставници од општините Карпош, Бутел и Шуто Оризари како и претставници од образовните установи СГГУ „Здравко Цветковски“ и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг при УКИМ.
На оваа Тркалезна маса фокусот беше ставен на актуелните состојби со аерозагадувањето од резиденцијалниот сектор и беа нотирани можностите за имплементација на мерки за подобрување во со цел придонес за создавање на квалитетна и здрава животна средина.
Во вториот дел од сесијата предизвици и перспективи за решавање на проблемите со аерозагадувањето придонес со своето излагање на тркалезната маса даде претставникот на бизнис секторот – Агрометал преку претставување на иновативен производ – филтер за оџак за намалување на чадните гасови во домаќинствата.
Презентациите на г-дин Игор Панчевски експерт во EBRD за GEFF програмата укажа на можноста за користење зелена енергија преку пристапни кредитни програми на банките. Г-дин Здравко Стефановски, експерт за енергетска ефикасност го претстави стартувањето на нов проект преку кој ќе се овозможи создавање на валидни и применливи програми за енергетска ефикасност за т.н MABs (multiapartment buildings) – повеќекатни згради. Таргет група во овој проект се 30.000-50.000 домаќинства во Босна и Херцеговина и Република С. Македонија.
Можностите граѓаните на СПР и пошироко, да ја подобрат енергетската ефикасност во домовите и да воведат користење на „чиста енергија“ за затоплување и остварување на секојдневните потреби во домовите преку користење на понудените решенија и проекти се големи. Потребно е тимско делување во сите сектори граѓанскиот, бизнис, образовниот сектор, локалната самоуправа и институциите, за капацитетите на граѓаните да бидат зајакнати и сознанијата и можностите за имплементација на мерките за ЕЕ во домовите и користењето на чиста енергија да бидат имплементирани.