20 Апр Одржан Информативен Настан и округли маси во рамки на проектот БИЛДЛАГ во хотел Бистра, Маврово
На 19-20.04.2018 година во Хотел Бистра, Маврово Здружението на граѓани Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД во соработка со партнер организациите ASAHA GRANADA од Шпанија и LAG UNA од Хрватска спроведоа Информативен Настан и округли маси кои се одржаа во рамки на проектот проектот: „ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНИТЕ АКЦИСКИ ГРУПИ – ЛАГ ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ (BUILDLAG)“, финансиран од Европската Унија во рамки на National Programme for Transition Assistance and Institutional Building 2013, Instrument for Pre-Accession Assistance. Во рамки на планираните активности се одржа првиот состанок на Насочувачкиот Комитет на проектот.
На настанот присуствуваа претставници од локалните власти, граѓанските организации и бизнис секторот. Активностите, дискусиите и работилниците придонесоа да се подобри знаењето и да се зајакнат капацитетите на граѓанското општество и локалните власти за одржливо функционирање на јавното приватно партнерство во рамки на ЛАГ- овите, преку пренесување на искуството и најдобрите практики на ЕУ. Работилниците беа одржани со цел да им овозможат на експертите идентификација на постоечката состојба за до крајот на проектот да дадат препораки за политики за промовирање на ЛАГ-овите и придобивки во ваквото здружување. Овој настан придонесе кон подигање на јавната свест за предностите во здружување во ЛАГ- ови.
Проектот има за цел зајакнување на јавното приватно партнерство помеѓу рурални невладини организации, бизнис асоцијации и локални власти преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство пренесено од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ). Вклучувањето на сите чинители во проектот ќе овозможи развој и нивно унапредување, ќе поттикне партнерства за заеднички активности и ќе значи придонес кон глобалните процеси во оваа област.
Проектот е финансиран од страна на Европската Унија и е поддржан од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Центарот за развој на Полошкиот Плански Регион.