21 Дек Одржан Информативен Настан за промоција на проектот “Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион” во општина Медвеџа, Република Србија
На 21.12.2023 во општинската сала во општина Медвеџа, Србија, го одржавме Информативниот Настан во рамки на проектот “Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион”, финансиран од Европската Унија, претставувана од Министерство за Финансии на Република Србија, сектор за договори и финансирање на програми од средства на Европската Унија.
На настанот, свое обраќање имаа градоначалникот на општина Општина Бутел – г-дин Дарко Костовски, претседателот на привремениот орган на Oпштина Медвеџа – г-дин Драган Кулич и проектниот менаџер на проектот Зелена Енергија – Теа Тевева, кои ја истакнаа значајноста на заедничката соработка и развојот на прекуграничниот регион преку спроведување на одржливи пристапи за зголемување на капацитетите и знаењето на соодветната целна група и крајни корисници преку обуки по мерка, работилници и споделување на искуства и најдобри практики од европските земји, како и примена на иновативни пристапи за основање на нови енергетски задруги во прекуграничниот регион и создавање на нови работни места за млади и долготрајно невработени лица.
Присутните се запознаа и со целите и активностите на проектот, како и очекуваните резултати кон кои проектниот тим работи до октомври 2024 година.
Проектни партнери во имплементација на овој проект се Општина Медвеџа, Република Србија, Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” – ЦеПроСАРД и Општина Бутел, Република Северна Македонија.
Проектот е ко-финансиран од Европската Унија.
Видеото од настанот можете да го погледнете на следниот линк.