02 Сеп Одржана прва работна средба во општина Босилеград по отворениот повик за меѓугранична соработка на Република Србија со Република Македонија
Претставници од ЗГ ЦеПроСАРД со претставниците од општина Босилеград и невладината организација „Глас жена” на 02.09.2019 година се одржаа работна средба во просториите на Општина Босилеград. Целта на средбата беше подготовка на нацрт-верзија на заедничка апликација за ИПА-програмата по повикот за меѓугранична соработка на Република Србија со Република Северна Македонија.
На средбата беше назначена работна група за изработка на предлог-проекти од општина Босилеград и невладината организација „Глас жена”. Проектни партнери од Република Северна Македонија се Општина Сопиште и ЗГ ЦеПроСАРД. Во согласност со потребите на општина Босилеград, заеднички беа разработени идеи и концепти за апликација на првиот повик од ИПА-програмата за прекугранична соработка Република Србија – Република Северна Македонија. Овие идеи ќе бидат координирани во согласност со интересите на општина Сопиште. Назначените тимови ја подготвуваат нацрт-верзијата на заедничка апликација со која ќе се проектираат заеднички активности со кои ќе аплицираат пред ЕУ-фондовите.
Покрај овој работен состанок, претставниците од ЗГ ЦеПроСАРД имаа можност да се запознаат со природните знаменитости во Босилеград и искажаа голема благодарност и задоволство од гостопримството и конструктивноста на тимот предводен од градоначалникот на Босилеград, г-дин Владимир Захариев.
Оваа програма се спроведува во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) на Европската Унија, што ја поддржува прекуграничната соработка со цел промовирање на добрососедски односи, социо-економскиот развој и поттикнување на евроинтеграциите.