Одржана обука на наставниот кадар за подобрување на знаењето и вештините за спроведување на наставна програма со часови за одржливи развој на 14 Април 2018 во тренинг центарот на ЦеПроСАРД

Одржана обука на наставниот кадар за подобрување на знаењето и вештините за спроведување на наставна програма со часови за одржливи развој на 14 Април 2018 во тренинг центарот на ЦеПроСАРД

Обуката на наставниот кадар која се одржа на 14 Април 2018 (сабота) е дел од активностите на проектот „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој“ поддржан од Регионалниот Центар за животна средина (РЕЦ) и Австриската агенција за развој (АДА).

Проектот го спроведува ЦеПроСАРД во партнерство со 5 средни училишта со технички струки од Македонија:

  • ЦСГУГС „Здравко Цветковски“ од Скопје
  • УЦОСКС „Моша Пијаде“ од Тетово
  • СОУ „Гостивар“ од Гостивар
  • СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје
  • СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка

Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите и вештинита на наставниците во средните училишта со технички струки за имплементација на наставна програма со часови за одржлив равој;

Во рамки на проектот е изготвен и Прирачник за имплементација на образование за одржлив развој во средните училишта со технички струки на македонски и албански јазик.

На обуката меѓу другото беа обработени следните поглавја:

  • целите од наставните програми во електротехничка, машинска и градежна струка обработени во прирачникот
  • kомпетенции за реориентирање на цели од наставна програма
  • aктивност поврзана со ОР во наставните предмети, итн.

СИТЕ НОВОСТИ