Одржана консултативна средба со директорот на Центарот за развој на полошкиот плански регион во рамки на проектот “Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи во процесите на интеграција во ЕУ“ – BUILDLAG

Одржана консултативна средба со директорот на Центарот за развој на полошкиот плански регион во рамки на проектот “Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи во процесите на интеграција во ЕУ“ – BUILDLAG

На 11.03.2019 во просториите на ЦеПроСАРД, проектниот тим одржа состанок со директорот на Центарот за развој на полошкиот плански регион, г-дин Фатмир Саити, на кој беше направен пресек на активностите поврзани со регистрирањето и формирањето на новиот ЛАГ во Полошкиот регион. На состанокот беше потенцирана важноста и потребата од проактивно учество во активностите од сите инволвирани страни за регистрација на ЛАГ-от, со цел навремено завршување на предвидените активности во согласност на временската рамка на проектот.

Проектот има за цел зајакнување на јавното приватно партнерство помеѓу рурални невладини организации, бизнис асоцијации и локални власти преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство пренесено од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ). Целни групи на проектот се македонски рурални невладини организации, бизнис асоцијациите, како и локалните власти. Вклучувањето на сите чинители во проектот ќе овозможи развој и нивно унапредување, ќе поттикне партнерства за заеднички активности и ќе значи придонес кон глобалните процеси во оваа област.

Новоформираниот ЛАГ во полошкиот регион ќе ги опфати општините Тетово, Желино и дел од територијата на општина Брвеница.

СИТЕ НОВОСТИ