22 Јун Обука за мониторинг, лобирање и учество во процесите поврзани со спроведување на клучните реформи во енергетскиот сектор преку засилување на капацитетите на македонските граѓански организации за животна средина
Задоволство ни е да ја најавиме онлајн Обуката за мониторинг, лобирање и учество во процесите поврзани со спроведување на клучните реформи во енергетскиот сектор, која ќе се организира на 02-03.07.2020 преку платформата ZOOM.
Обуката се организира во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“, на темите:
– Вклучување на засегнатите страни во подготовката на националните планови за енергетика и клима
– Искуства за подготвување долгорочни и интегрирани локални акциони планови за одржлив развој на енергетиката и климатските промени (SECAP) иницирани од движењето на европски градоначалници
– Планирање на документи за користење на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на национално и локално ниво
– Можни механизми за вклучување на граѓаните во процесот на среднорочно планирање на развој на енергетска ефикасност, на локално ниво
За повеќе информации следете не` редовно на https://www.facebook.com/CeProSARD/ и на нашата веб страна http://www.ceprosard.org.mk.
Проектот го спроведува ЦеПроСАРД со грант доделен од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) преку проектот „Нордиска поддршка за прогрес на Северна Македонија“ кој го спроведува УНОПС (United Nations Office for Project Services)