18 Мар Мониторинг средба со претставници од секторот за централно финансирање и склучување на договори по проектот Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ – БИЛДЛАГ
На 18.03.2019 беше реализирана мониторинг средба со претставниците од Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Мониторинг средбата се одржа во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД по проектот „Градење на капацитети за одржување на развојот на Локалните Акциски Групи во процесите на интеграција во ЕУ” – (BUILDLAG)
Целта на посетата беше за проверка на неколку аспекти од водењето на проектот:
• Менаџерска структура, вклучувајќи планирање на работата, адекватноста на механизмите за водење евиденција;
• Напредок во спроведувањето на активностите – усогласеност со договорот, договорениот работен план, стапката на испорака;
• Усогласеност со правилата за јавни набавки и јавност на ЕУ.
Проектот партнерски се имплементира со ЛАГ Уна од Хрватска и АСАХА од Шпанија.
Проектот е финансиран од ЕУ.