Информативен состанок со градоначалникот на општина Карпош во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух“

Информативен состанок со градоначалникот на општина Карпош во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух“

Градоначалникот на Општина Карпош, г-дин Стефан Богоев и претставниците од ЦеПроСАРД на 20 ноември во просториите на општината одржаа информативен состанок како дел од низата средби кои проектниот тим ги организира во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух“.

На состанокот беа презентирани активностите на проектот од страна на проектниот менаџер, како и важноста на проактивното учество на различни чинители од областа со цел успешно исполнување на очекуваните резултати и времжување на ентитетите со цел продолжување на соработката и во иднина.

Градоначалникот исто така даде насоки кон проектниот тим за мапирање на чинители кои би биле вклучени на тркалезната маса која е предвидено да се одржи во месец jануари, како и тековните мерки и активности кои општината ги спроведува за поттик на граѓаните, подигање на свеста и нивна инволвираност, особено во месеците на високо аерозагадување.

Проектот “Чиста енергија за чист воздух“ се спроведува со финаниска поддршка на Владата на Република Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година, во времетраење од 6 месеци.

СИТЕ НОВОСТИ