14 Мај ЗГ ЦеПроСАРД продолжува со активности од проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“
Posted at 07:45h
in Новости
Во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“ во изминатиот период беше спроведена проценка на ставот и капацитетите на ГО кои работат во областа на животната средина поврзани со нивното учество во процесите на имплементација на политиките од областа на енергетиката.
Во проценката, преку пополнување прашалник, учествуваа организации од целата земја. Резултатите укажуваат на потреба од зајакнување на капацитетите и учество на граѓанскиот сектор:
- во подговотвката на националните планови за енергија и клима;
- подготовка на акционен план за одржлив енергетски равој и климатски промени;
- подготовката на планските документи за искористување на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на национално и локално ниво и
- можните механизми за граѓанско учество во планирање на развојот на енергетската ефикасност на локално ниво.
Врз основа на добиените резултати ќе бидат насочени темите за обука планирано да се реализира до крајот на овој месец за организациите кои учествуваа во проценката.