
24 Мар ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со Проектот за поддршка на социјалните претпријатија и институциите
[vc_row css_animation=”” row_type=”row” use_row_as_full_screen_section=”no” type=”full_width” angled_section=”no” text_align=”left” background_image_as_pattern=”without_pattern”][vc_column][vc_column_text]На 24.03.2022 проектниот тим на проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе”, имплементиран од Здружението на граѓани – Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД одржа работен состанок со тимот од проектот Проект за поддршка на социјалните претпријатија и претставници на повеќе институции и експерти. Состанокот се одржа во просториите на Центарот за социјални претпријатија.
Целта на состанокот беше да се развие соработка и синергија со институциите и проектите, како и да се разгледаат активностите и да се усогласат проектите за да се избегне дуплирање на активностите, да се поддржи социјалното претприемништво да биде одржливо. На состанокот беа препознаени потенцијалите на социјалното претприемништво, развиените врски помеѓу локалните институции и социјалните претпријатија.
Се разговараше за показателите за социјалните претпријатија, декларацијата на социјалните претпријатија за социјалната мисија, продолжувањето на профитот на економските активности, распределбата на профитот, отчетноста/транспарентноста, со препорака да се фокусира на постојните социјалните претпријатија што треба да се развијат за да се обезбеди нивна одржливост .
Со свои предлози, сугестии и дискусија учествуваа претставници од МТСП, ФИТР, поголем број на експерти од неколку области, како и претставници на двата проекти финансирани од ЕУ.[/vc_column_text][vc_gallery type=”image_grid” images=”4775,4777,4779,4781″ img_size=”full” column_number=”2″ grayscale=”no” images_space=”gallery_with_space”][/vc_column][/vc_row]