
23 Мар ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со општина Бутел, за поддршка на социјалното претприемништво за одржлив зелен развој
[vc_row css_animation=”” row_type=”row” use_row_as_full_screen_section=”no” type=”full_width” angled_section=”no” text_align=”left” background_image_as_pattern=”without_pattern”][vc_column][vc_column_text]На 23.03.2022 претставници од општина Бутел, одржаа работен состанок со проектниот тим на проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот- “Не оставај никој зад себе”, имплементиран од Здружението на граѓани – Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД. Состанокот се одржа во просториите на општина Бутел.
На состанокот претставниците на ЗГ ЦеПроСАРД ги презентираа досегашните имплементирани активности на здружението и активностите на тековниот проект Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот- “Не оставај никој зад себе”. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Поддршката на граѓанскиот или бизнис секторот во општина Бутел преку тековниот проект претставува можност за зелен социо-економски развој на општината. Проектот треба да допринесе за соработка помеѓу институциите, општините, социјалните претпријатија и граѓанскиот сектор, во развој на зелен економски раст, заштита на животната средина и подобрување на социјалните сервиси на територијата на нашата земја.
Г-ѓа Светлана Петровска, извршен директор на ЗГ ЦеПроСАРД изрази благодарност до претставниците на општината, за искажаната поддршката за успешна реализација на проектот и желбата за активна соработка во вклучувањето на бизнис секторот и граѓанскиот сектор кои работат на територијата на општина Бутел.
На состанокот се разговараше за можностите за идна соработка на општината, при што претставниците на ЗГ ЦеПроСАРД го истакнаа развојот и соработката на полето на заедничка имплементација на проекти што се финансираат од ИПА фондовите. Особен акцент беше ставен на соработката во делот на подобрувањето на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливите извори на енергија, заштитата на животната средина и поддршка на социјални претпријатија преку изработка на општо корисни проекти и обезбедување на развој и одржливост на социјалните бизниси.
[/vc_column_text][vc_gallery type=”image_grid” images=”4757,4759,4761,4763,4765,4767″ img_size=”full” column_number=”3″ grayscale=”no” images_space=”gallery_with_space”][/vc_column][/vc_row]