ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со институциите – Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Северна Македонија (МЗШВ на РСМ) за поддршка на социјалното претприемништво за одржлив рурален развој

ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со институциите – Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Северна Македонија (МЗШВ на РСМ) за поддршка на социјалното претприемништво за одржлив рурален развој

На 16.03.2022 г-дин Abdulshyqyr Abedini, заменик министер во Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Северна Македонија (МЗШВ на РСМ), одржа работен состанок со проектниот тим на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот не оставај никого позади себе” имплементиран од Здружението на граѓани – Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД. Состанокот се одржа во просториите на МЗШВ на РСМ.

На состанокот претставниците на ЗГ ЦеПроСАРД ги презентираа досегашните имплементирани активности на здружението и активностите на тековниот проект “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот не оставај никого позади себе”, Проектот е финансиран од Европската Унија.

Поддршката на социјалните петпријатија преку тековниот проект претставува можност за одржлив социо-економски развој во руралните делови на нашата земја. Проектот треба да допринесе за соработка помеѓу институциите, општините, социјалните претпријатија и граѓанскиот сектор, во развој на зелен економски раст, заштита на животната средина и подобрување на социјалните сервиси во руралните средини.
Г-ѓа Светлана Петровска, извршен директор на ЗГ ЦеПроСАРД изрази благодарност до заменик министерот г-дин Abdulshyqyr Abedini, за искажаната поддршката за успешна реализација на проектот и желбата за активна соработка во вклучувањето на бизнис секторот од руралните области кои работат во примарна и секундарна преработка на земјоделските производи.

На состанокот се разговараше за можностите за идна соработка на МЗШВ со граѓанскиот сектор, при што претставниците на ЗГ ЦеПроСАРД го истакнаа развојот и соработката на полето на заедничка имплементација на проекти што се финансираат од ИПА фондовите. Особен акцент беше ставен на соработката во делот на руралниот развој, подобрувањето на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливите извори на енергија во земјоделските стопанства во секторот на секундарната преработка на земјоделските производи, заштитата на животната средина и поддршка на социјални претпријатија преку изработка на општо корисни проекти и обезбедување на развој и одржливост на социјалните бизниси.

СИТЕ НОВОСТИ