Започна имплементацијата на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“

Започна имплементацијата на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“

На 4 мај 2018 година, ЦеПроСАРД започна со имплементација на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“ кој се спроведува со финансиска поддршка на УНДП.

Целта на проектот е да обезбеди техничка поддршка за подобро управување со НП Пелистер, вклучувајќи мониторинг и одржливо користење на ресурсите.

Активностите меѓу другото вклучуваат:

  • Мониторинг и заштита на крупни ѕверки: кафеава мечка (Ursus arctos), рис (Lynx lynx) и волк (Canis lupus) како клучни видови според Анекс II од EU Habitats Directive во Националниот парк „Пелистер“;
  • Подобрување на планинскиот туризам во паркот;
  • Проценка на можноста за екосистемски услуги од свежа вода во НП „Пелистер“.

Времетрањето на проектот е 15 месеци.

СИТЕ НОВОСТИ