Втор состанок во рамки на проектот “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“

Втор состанок во рамки на проектот “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“

Вчера, (30.08.2018) во хотел Карпош, се одржа втор состанок помеѓу партнерските организации ЦеПроСАРД и Regional Development Agency – South во рамки на проектот “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“.

Состанокот како активност следеше по потпишување на договорот помеѓу партнерите на 07.08.2018 година.
Главна цел на проектот е развој и промоција на локалниот и регионалниот туризам преку иновативни пристапи и системи за подобрување на руралното и еколошкото искуство. Целта ќе се постигне преку креирање на стратешки алатки кои ќе овозможат подобро разбирање на барањата на посетителите, истовремено служејќи како механизми за зајакната меѓурегионална соработка помеѓу различни аспекти на индустријата, владините институции, бизнис секторот и граѓанските организации што ќе резултира со зголемување на туристичкиот потенцијал, прилагоден на потребите на целните групи. Додатно, проектот има за цел создавање на поволно опкружување за стратешки дофат и бенефит не само од националните и регионалните пазари, туку и од новите меѓународни пазари во туристичката индустрија.

Проектот кој е поддржан од Европската Унија, со времетраење од 24 месеци започна на 15 мај 2018 година. Проектот се спроведува во рамките на ИПА Програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Косово.

СИТЕ НОВОСТИ